Добредојдовте на Arsonistic Intent , прв македонски форум за Thrash и Death Metal. За да избегните опомени и казни, Ве молиме прочитајте и почитувајте ги правилата.
Официјално писмо на форумот е кириличното, затоа Be молиме користете го истото. Напишаното на кирилица е полесно за читање и поубаво изгледа. Доколку не можете да пишувате на кирилица, известете некој од администрацијата за Вашиот проблем.
Секој член има право да се регистрира само еднаш. Ако некој отвори две кориснички имиња, двете ќе му бидат банирани, и нема да има право да се регистрира повторно.
Навреди кон администрацијата и сите останати членови на форумот се најстрого забранети. Ако имате некое недоразбирање, може да го решите и на друг начин, а не со препукувања на форумот. Забранети се и навреди кон бендовите. Ако не ви се допаѓаат, не мора да коментирате за нив. Едноставно, игнорирајте ги ако не се Ваш тип.
Забрането е објавување на туѓи лични податоци и фотографии. Прекршување на ова правило ќе резултира со траен бан!
Не е дозволено рекламирање на други форуми и веб страни, ако во нив нема повратен линк до нашиот форум. Доколку нема повратен линк, линкот до нив ќе биди избришан, а членот што не го почитувал правилото ќе биди соодветно казнет.
Пред да отворите тема, разгледајте дали има некоја слична или иста со таа што сакате да ја отворите. Насловот треба да биди описен, од самото читање да може да се дознае за што се работи, а не да биди од типот “Албум”, “Помошшшш!”, ”Ај ве молам”, ”Ми треба...”, “Барам” …
Форумот има и дел за бесплатни превземања. Линковите што ќе ги најдете таму се редовно проверувани од администраторите, но како и да е, може да се случи да остани некој непроверен, мртов линк. Ве молиме мртвите линкови да ги пријавите кај администрацијата, како би се зачувала среденоста на форумот.
Доколку сакате да постирате нешто за бесплатно, прочитајте ги правилата за постирање Warez, напишани во соодветниот подфорум.
Ве молиме да се придржувате до правилата!
Поздрав, администрацијата на Arsonistic Intent.